Дома Фудбал На натпревар во Белгија имаше огромна грешка на ВАР. Натпреварот мора да се преигра

На натпревар во Белгија имаше огромна грешка на ВАР. Натпреварот мора да се преигра

Натпреварот меѓу Андерлехт и Генк, кој се одигра на 23 декември минатата година, ќе се повтори поради голема грешка на ВАР која директно се одрази на резултатот.

Во меч кој ќе мора да се повтори, Андерлехт победи со голот на Андерс Драјер од првата минута од судиското надополнување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причина за повторување на натпреварот е ситуацијата од 23. минута. Напаѓачот на Генк, Јира Сор, постигна гол, откако Шмајхел претходно го одбрани пеналот на Брајан Хејнан.

ВАР му кажа на судијата на натпреварот Нејтан Вербумен дека Сор влегол во шеснаесетникот пред Хејнан да шутира од белата точка и дека голот треба да биде поништен.

Покрај Сор, во шеснаесетникот влегоа и двајца играчи на Андерлехт пред да биде изведен пеналот, што според правилата на играта треба да резултира со повторување на пеналот за Генк, а не само поништување на голот од белата точка. .

Генк поднесе жалба, а Дисциплинската комисија утврди дека оштетениот клуб е во право и дека пеналот требало да се повтори наместо само да се поништи голот постигнат од судиското надополнување. Затоа мечот ќе се игра повторно. Датумот на одигрување се уште не е познат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…