Дома Трансфер зона На навивачите им олесна: Боатенг повеќе не e играч на Барселона

На навивачите им олесна: Боатенг повеќе не e играч на Барселона

Кевин Принс Боатенг повеќе не е член на Барселона.

Иако утрово се појави шокантна најава дека Барселона размислува да го откупи договорот на Боатенг, сепак овој фудбалер кариерата нема да ја продолжи во шпанскиот гигант.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тоа од денес е дефинитивно. Боатенг сега е грижа на Сасуоло каде што ќе се врати откако Барселона не сакаше да го откупи неговиот договор.

Боатенг од Барселона се прости преку неговиот Инстаграм профил и им се заблагодари на сите кои му помогнале во клубот во претходните шест месеци.

Сасуоло се надеваше дека може да заработи осум милиони евра, но ќе мора да го продаде некаде на друго место.

Според последните информации најсериозен кандидат да го доведе Боатенг во овој момент е турски Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…