Дома Фудбал Англија На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

На Ливерпул му олесна: Ништо од суспензијата на Салах

Фудбалерите на Ливерпул викендов ремизираа на домашен терен против Стоук, а во центарот на вниманието после натпреварот се најде Мохамед Салах.

Египќанецот оваа сезона е најдобар фудбалер на Ливерпул и до сега има постигнато 31 гол во Премиер лигата. Меѓутоа, на Салах не му „одеше“ на мечот со Стоук, а денес се појавија шокантни информации дека би можел да биде суспендиран.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, се појави информација дека ФА го истражува моментот кога Салах наводно се обидел да го удри противничкиот играч. Англиските медиуми пренесоа дека Египќанецот би можел да биде суспендиран на три натпревари.

Сепак, на „Енфилд“ може да воздивнат, бидејќи ФА денес потврди дека Салах нема да биде суспендиран бидејќи јасно се гледа дека немал намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ќе си замине на крајот од сезоната, веќе е познато кој ќе го замени

Многу се зборува последните недели дека на крајот од сезоната Пеп Гвардиола би можел да се…