Дома Фудбал Италија На Италија и ја донесе најголемата катастрофа, а сега во Киево освои еден бод и си – замина!

На Италија и ја донесе најголемата катастрофа, а сега во Киево освои еден бод и си – замина!

ventura

После четири натпревари, Џампиеро Вентура го напушти кормилото на Киево!

Киево имаше негативен број на бодови, а Вентура успеа да го врати на нула, сепак тој беше разочаран од направеното и денес си поднесе оставка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Вентура на клупата на Киево го замени Лоренсо Дану, но не успеа да забележи ниту една победа во четири натпревари. Запиша едно реми и три три порази со што успеа да го извлече
Киево од минусот, со оглед дека имаа -1 кога ги превзема популарните „летечки магариња“.

Ќе потсетиме Киево сезоната ја започна со три бода минус поради казната од страна на ФС Италија. Успеаа да го надополнат тоа заостанување, но опстанокот во Серија А за овој клуб ќе биде тешка задача.

Ќе потсетиме, Вентура пред Киево беше селектор на Италија кога оваа репрезентација го изгуби баражот против Шведска и не се пласираше на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…