Во изминатата сезона англиските клубови играа во финалето од Лигата на шампионите, додека Манчестер Јунајтед беше финалист во Лига Европа, па после една таква сезона можеби е и очекувано што Премиер лигата има најмногу претставници на Европското првенство.
На Европското првенство ќе играат 118 играчи кои во овој момент играат во клубови од Премиер лигата, меѓу нив секако и е нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Зад Премиер лигата следи Бундеслигата со 90 играчи, па Серија А со 70 претставници.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во топ 5 се уште Ла Лига со 39 и руската Премиер лига со 32 фудбалери.
Ќе потсетиме Европското првенство стартува во петок со натпреварот Турција – Италија, ние нашиот прв натпревар го играме во недела против Австрија.