Дома Фудбал Италија На Дибала му е доста од карантинот: Сакам да одам на тренинг, да ги видам соиграчите, да дадам гол…

На Дибала му е доста од карантинот: Сакам да одам на тренинг, да ги видам соиграчите, да дадам гол…

Паоло Дибала скоро два месеци се наоѓа во изолација откако беше потврдено дека е заразен со коронавирусот.

Во Јувентус од фудбалерите заразени со Ковид-19 беа Дибала, Матуиди и Ругани, а Аргентинецот остана најдолго заразен. Аргентинецот сега се огласи преку социјалните мрежи и очигледно фудбалот многу му недостасува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Никогаш не сум помислил дека фудбалот ќе ми недостасува толку многу. Сакам да одам на тренинг, да ги видам соиграчите, да ја допрам топката, не е исто како кога тренираш дома. Сакам да ги облечам копачките да истрчам на теренот и да дадам гол. Многу време се без фудбал. Не знаеме што ќе биде кога ќе се вратиме, но се надевам дека тоа ќе биде наскоро. Дома ја одржувам формата и го искористив времето да најдам друга страст – јога. Тоа многу ми помага“, напиша Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Јувентус учествуваше во голема сообраќајна несреќа, неговиот скап автомобил беше уништен! (Фото)

Поранешниот репрезентативец на Холандија, Елјеро Елиа, беше вклучен во голема сообраќајна …