Дома Македонски спорт На денешен ден пред десет години Македонија остана без големиот Петар Милошевски

На денешен ден пред десет години Македонија остана без големиот Петар Милошевски


Македонија на денешен ден пред десет години остана без едно од своите најголеми фудбалски имиња, Петар Милошвски. Милопвски го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на Куманово.

Милошевски, во текот на својата кариера го чуваше голот на Пелистер и Вардар, а исто така ја надвор од границите на Македонија беше дел од Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Енозис. Дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 59 натпревари.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По завршувањето на кариерата како голман продолжи да допринесува во македонскиот фудбал како спортски директор на репрезентацијата. Неговото влијание и заложба се чувствуваа во многу аспекти на фудбалот во Македонија, а пораките на сочувство од целиот свет сведочат за тоа колку голема празнина остави во македонскиот фудбал.

Во негова чест, тренинг-центарот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го носи неговото име, а од неодамна и стадионот во Битола, каде што Милошевски ги направи своите први фудбалски чекори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…