Дома Фудбал На денешен ден: Меси како никој во историјата, единствениот што стигна до магичните 400

На денешен ден: Меси како никој во историјата, единствениот што стигна до магичните 400

На денешен ден, 13 јануари 2019 година, Лионел Меси испиша нова страница во шпанскиот фудбал.

Пред пет години, аргентинскиот напаѓач го постигна јубилејниот 400-ти гол во Примера, со што стана дел од историјата на шпанското првенство.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така тој стана првиот играч на кој тоа му успеало во една од петте најсилни европски лиги.

Аргентинскиот волшебник ги постигна сите 400 гола во дресот на Барселона.

Јубилејниот гол се случи на натпреварот против Еибар во 19. коло од шпанскиот шампионат кој каталонскиот клуб го доби со 3:0. Историскиот гол на Меси беше постигнат во 53. минута од натпреварот на „Ноу Камп“.

Интересно, Меси постигна дури 326 гола со левата нога, 59 со десната, додека останатите 14 беа со глава. Постигна еден гол со друг дел од телото.

На стрелецот му беа потребни 435 натпревари во каталонскиот тим за да ја достигне споменатата квота. Преведено во години, Аргентинецот влезе во „клубот 400“ по речиси 14 години играње во шпанската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Топџиите за 60 милиони евра купуваат играч кој ги разби во 180 минути!

Арсенал моментално се наоѓа на врвот на Премиер лигата, а сè уште натпреваруваат во ФА Куп…