Душан Влаховиќ со своите одлични настапи се избори за статусот ѕвезда во Серија А, а тоа посебно се зголеми кога направи трансфер во Јувентус во зимскиот преоде нрок.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Влаховиќ беше мета на голем број европски клубови, а на крајот Јувентус успеа да стигне до неговиот потпис. Многу го споредуваа Влаховиќ со најголемите напаѓачи, еден од нив е и Ибрахимовиќ, но тоа не му се допаѓа на Влаховиќ.




„Не ми се допаѓаат споредбите со Ибра и големите шампиони кои имаат по 400-500 голови во кариерата и кои освоиле 20-30 трофеи. Кога ви прават такви споредби веднаш штом ќе направите грешка ве критикуваат. Сите ние имаме право на грешки, сите сме само луѓе. Не сакам да ме споредуваат никого, имам сопствен пат и правам моја кариера“, изјави Влаховиќ.