Eдна од првите ѕвезди на Реал Мадрид, Герет Бејл можеше да се соочи со сериозни проблеми после натпреварот против градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Ќе потсетиме, Реал во тој натпревар од шпанската Ла Лига го победи градскиот ривал на гостински терен со 3:1, а Бејл во игра влезе во второто полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Подоцна постигна гол со кој стави точка на натпреварот.
Тој после натпреварот направи еден непристоен гест и раководството на Ла Лига отвори истрага против него. Му се закануваше казна дури од 12 натпревари суспензија, но сепак на крајот одлично помина бидејќи од Ла Лига сооштија дека Бејл нема да добие никаква казна.
Од Ла Лига заклучија дека Бејл не ги провоцирал навивачите на домашниот тим, па Велшанецот ќе може да се најде на теренот за викендот кога ги очекува дербито со Барселона со првенството.
Од друга страна Реал Мадрид може да се соочи со суспензија во Лигата на шампионите, каде што на неколку натпревари би можеле да бидат без капитенот Серхио Рамос на неколку натпревари.
Шпанскиот репрезентативец намерно заработи жолт картон во 89-тата минута од натпреварот во кој Реал Мадрид победи со 2:1 против холандскиот тим. Тоа Рамос го направи со цел да биде суспендиран за реваншот на „Бернабеу“ и „чист“ да влезе во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Вчера УЕФА потврди дека ќе биде отворена постапка против стоперот.