Дома Фудбал На Барселона може да и биде дозволено да доведе играч иако предниот рок заврши

На Барселона може да и биде дозволено да доведе играч иако предниот рок заврши

Токму кога требаше да се врати „во акција“ после повеќемесечната пауза крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле зарабтои нова повреда – десетта од кога дојде на „Ноу Камп“.

Французинот се повреди на вчерашниот тренинг, а денес е Барселона објави дека заработил целосна руптура на тетивата во предлот на предната ложа. Поради оваа повреда очекувањата се Дембеле да биде надвор од терените пет или шест месеци (најмалку). Барселона е веќе без првиот шпиц Луис Суарез кој го оперираше коленото и во преодниот рок Каталонците не доведоа квалитетно засилување во нападот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа шпанскиот фудбалски сојуз би можел да и дозволи на Барселона да доведе замена, доколку каталонскиот клуб тоа го побара. Нешто слично се очекува и со Валенсија поради тешката повреда на Езекиел Гарај.

Сепак постојат услови. Замената за повредениот играч мора да биде фудбалер кој е регистриран во Шпанија, значи не смее да биде некој кој игра во друга земја.

Барселона има 20 дена да ја потврди повредата и да испрати барање до сојузот за она што сака да го направи. Потоа медицинскиот комитет ќе има три дена да го прегледа барањето и да одлучи. Ако одговорот биде потврден, Барселона по одобрувањето ќе има 15 дена да донесе засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …