Дома Фудбал Англија Најскапиот дефанзивец го пропушта стартот на Премиер лигата!

Најскапиот дефанзивец го пропушта стартот на Премиер лигата!

Најскапиот дефанзивец во историјата, Бенџамин Менди, нема да му биде на распалогање на Пеп Гвардиола за натпреварот од првото коло во Премиер лигата во кое „Граѓаните“ ќе играат против Брајтон.

Како што пренесува „Скај Спорт“ фудбалерот кој ова лето пристигна од Монако во трансфер вреден 57 милиони евра скоро сигурно ќе го пропушти стартот на англиската Премиер лига.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„За жал Менди има проблеми со повредата на бутниот мускул и ќе биде надвор од терените уште две до три недели“, изјави Гвардиола.

Да потсетиме, тимот од Кнежеството со зделката на Менди направи фантастична работа, бидејќи овој ист фудбалер пред само една година во Монако пристигна од Марсеј за само 13 милиони евра, а сега на клубот му донесе огромна заработка.

Нема сомневање дека Манчестер Сити после засилувањата кои ги донесе ова лето ќе биде еден од кандидатите за титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Брујне кажал „да“ на Наполи

Кевин Де Брујне се согласил да премине во Наполи како слободен играч. Сега останува да се …