Легендарниот возач на Формула 1 очигледно е се подобро.
Животот на Михаел Шумахер се држи во строга тајност после тешката повреда која легендарниот возач на Формула 1 ја доживеа на француските Алпи кон крајот на 2013 година, кога доживеа тешка повреда на мозокот и падна во кома.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шумахер од комата после шест месеци се разбуди во јуни 2014 година и од тогаш во јавноста ретко се појавуваат информации за неговата состојба. Иако некакви се појават, неговата портпаролка Корина веднаш ги демантира.
Но, германските медиуми успеаа да дојдат до најнови информации кои ја враќаат надежта на навивачите и фановите на Шумахер.
Како што пишува магазинот „Бунте“ кој е специјализран за следење на познатите личности во Германија, ексклузивно дознава дека Шумахер својот 50-ти роденден на 3-ти јануари го поминал на шпанскиот остров Мајорка. Тој отпатувал во неговата лускузна вила која се наоѓа на највисоката точка во таа област.
Шумахер и неговото семејство ја напуштиле својата резиденција во местото Гланд на Женевското езеро на 20-ти декември и одлучиле на Михаел да му дозволат мал одмор и верувале дека шпанското сонце добро ќе му дојде во опоравувањето. Покрај него било и неговото куче – Кали за која се грижи ќерката на Шумахер.
Соседите на Шумахер во Мајорка во елитната населба во која живеат само ултра богати луѓе открија дека темно син хеликоптер на компанијата „Хели-Алпес“ слетал во неговата вила и дека во истиот бил Шумахер.
Магазинот најави и дека наскоро ќе имаат ексклузивна фотографија.