Вчера во 00:00 часот заврши преодниот рок во сите посилни европски лиги, со оглед дека во Италија и Англија рокот за купување беше скратен изостанаа големите возбудувања.
Најлудата приказна, не само во последниот ден туку воопшто во целиот преоден рок ни доаѓа од Турција, од тимот на Бурсаспор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Турскиот клуб имал намера да го ангажира 30 годишниот полски фудбалер Камил Гросицки, кој од својот тим Хал и добил дозвола да замине на позајмица.
Гросицки пристигнал во Турција, го пречекале навивачите, се запознал со клубот и соиграчите, навидум бил среќен што ќе ја продолжи кариерата во Бурсаспор, никој не можел ниту да замисли што ќе се случува понатаму.
Фудбалерот ги поминал медицинските прегледи, а потоа стигнале до потпишувањето на договорот. Играчот влегол во канцеларија, седнал со директорите на клубот и во моментот кога требало да потпише со изговор дека му ѕвони телефонот излегол од канцлеријата.
Што се случило потоа? – НЕ СЕ ВРАТИЛ!
Клубот се обидел да го добие на телфон, но немале успех, за подоцна да дознаат дека играчот со автомобил заминал на аеродромот од каде што се вратил во Англија.