Дома Трансфер зона „Најдобро за Роналдо е да се врати во Реал Мадрид“

„Најдобро за Роналдо е да се врати во Реал Мадрид“

Кристијано Роналдо нема да патува со остатокот од екипата на Манчестер Јунајтед на припремите во Банког, Португалецот продолжува да инсистира на трансфер.

За статусот на Роналдо зборуваше неговиот соиграч од португалската репрезентација Хозе Фонте кој смета дека Реал Мадрид би бил најдобра опција.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Знам колку многу сака да игра во Лигата на шампионите. За него тоа е најдоброто натпреварување во светот и најдобра шанса да се освои Златната топка. Јунајтед сега има навистина добар тренер и тим, но не играат во ЛШ и тоа е проблем“.

„Роналдо секогаш сака да освојува трофеи и неверојатно е мотивиран иако има 37 години и освои се до сега. Наредниот клуб? Според мене најдобра опција е да се врати во Реал Мадрид. Не знам дали тие го сакаат или не, но Реал Мадрид е најдоброто место да ја продолжи кариерата“, изјави Фонте.

Тешко е да се очекува во овој момент Роналдо да се врати во Реал Мадрид, англиските медиуми сметаат дека е најблиску до трансфер во Челзи. Иднината на Португалецот би требало да биде позната во наредните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…