Во моментов има голем број слободни играчи, некои од нив се навистина познати имиња на светскиот фудбал и би биле одлично засилување за некои од клубовите.
Во продолжение ви ги претставуваме можеби и најдобрите пет фудбалери кои во овој момент се без ангажман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адриен Рабиот
Адриен Рабио е првиот на листата, 29-годишниот Французин има понуда од Ливерпул, но тука е и Манчестер Јунајтед, па ќе видиме каде ќе заврши.
Марио Хермосо
Стоперот кој го напушти Атлетико Мадрид може да биде сериозно засилување за еден од гигантите, како и Рабио има 29 години и избра да не го продолжи договорот со Атлетико ова лето.
Мемфис Депај
Депај исто така го напушти Атлетико и тоа го направи во договор со клубот.. Италијанските клубови се многу заинтересирани за него, се споменуваа и Англичаните кои би платиле повеќе, а секако опција кога се парите во прашање е и Саудиска Арабија.
Матс Хумелс
Иако има 35 години, Матс Хумелс минатата сезона докажа дека е во одлична форма. Тој би бил одлично засилување каде и да се појави, не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради знаењето што го поседува и кое може да го пренесе на помладите играчи. Оттука се шпекулираше и дека Реал Мадрид може да го доведе.
Ентони Марсијал
Некогаш најскапиот тинејџер во светот на фудбалот ја заврши епизодата на „Олд Трафорд“ и чека нов ангажман. Поминаа девет години, сега е време за нов предизвик, а Франција е најреалното решение. Лион во медиумите важеше за фаворит.