Единствениот играч кој во последните 15 години успеа да го освои „Трофејот Пичичи“, трофеј наменет за најдобриот стрелец во Ла Лига, без да биде играч на Реал или Барселона, е Артем Довбик кој тоа го направи во изминатата сезона.
Напаѓачот на Жирона ја прекина таа серија со 24 постигнати гола во најсилното шпанско првенство. Во таква ситуација очекувано е за него да има интерес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Шпанија интерес за Довбик покажал Атлетико Мадрид, меѓутоа како најсериозни изгледа се италијанските клубови.
Украинецот има договор до 2028 година, па така Жирона не брза и не сака да го продаде за сума под 35 милиони евра.
Дека може да го гледаме во Италија потврдува и неговата изјава дадена за шпански „АС“.
„Да, точно е, мојот агент води преговори со италијански клубови“, изјави Довбик.
Секако, Довбик ќе биде дел од репрезентацијата на Украина на Европското првенство и неговата иднина сигурно ќе се решава настапот на собирот на најдобрите континентални репрезентации.