Ќе гледаме продолженија во натпреварот помеѓу Колумбија и Англија.
Малку недостасуваше последното место во четвртфиналето го пополни селекцијата на „Гордиот Албион“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англија од самиот старт покажа дека е подобар противник, а задачата на Колумбијците беше отежната со тоа што на оваа средба не можеа да сметаат на првата ѕвезда на репрезентација, Хамес Родригез.
Во првите 45 минути, избраниците на Саудгејт создаваа прилики, но не успеаа да го совладаат Оспина. Најдобрата прилика ја имаше Хари Кејн кој во почетните минути со глава од тешка позиција шутираше над голот.
Натпреварот беше исполнет со неровоза и жестоки дуели, неровозата посебно беше присугна на кај репрезентативците на Колумбија.
Ситуацијата кулминираше кога Карлос Санчез направи еден непромислен потег, по кој Англија оправдано доби удар од белата точка. Сигурен реализатор беше Хари Кејн во 57 минута.
Голот на Колумбијците дојде во судиското продолжение и тоа преку кој друг ако не – Јери Мина. Кој го постинува својот трет гол на Мундијалот.