Членот на Ливерпул кој не добива шанса најверојатно ќе го искористи јануарскиот преоден рок да ја промени средината.
Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ го чека својот трансфер. Марковиќ пристигна на „Енфилд“ за сума од 20 милиони евра и сега Ливерпул не сака да го пушти за помала понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заинтересирани има, а најдобрата понуда за овој фудбалер изгледа дека пристигна Кина, од засега неименуван клуб.
Тие се спремни да платат 10 милиони фунти, според медиумите во Англија иако оваа понуда е нешто пониска би можела да биде прифатена, но од друга страна прашање е дали колку Србинот има желба да премине во Кина во овој момент од својата кариера.
Кога станува збор за клубовите од Англија, Хал е клубот кој покажа интерес да го доведе.