Дома Фудбал Англија Најголемата трансфер мистерија ова лето – Како Баркли побегна од Конте?

Најголемата трансфер мистерија ова лето – Како Баркли побегна од Конте?

Челзи ова лето едноставно не можеше да донесе никого. Од која причина, веројатно никогаш нема да дознаеме, но факт е дека Челзи го одбија многу играчи. Последниот ден им „побегна“ и трансферот на Алекс Окслејд Чемберлен, па со тоа лесно е видливо во какви проблеми беа „Сините“ во овој трансфер период.

Сепак, најневеројатната приказна се случи завчера. Бидејќи не можеа да доведат квалитетен напаѓач како замена за Диего Коста, пред се поради тоа што не доби доволно добар буџет за да донесе големи ѕвезди во овој трансфер период, Конте одлучи да доведе некој офанзивен играч за врска, кој би стоел веднаш зад напаѓачот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Изборот падна на Рос Баркли, талентираниот англиски играч за врска, кој во Евертон во последно време нема место за него, не поради својот квалитет, туку поради начинот на игра. Во еден момент изгледаше дека овој трансфер ќе биде плус и за играчот, и за Евертон, но пред се за Челзи.

Кога Рос Баркли пристигна на лекарски прегледи во Лондон, изгледаше дека само формалности го делат англискиот репрезентативец од потпис. Сепак, по прегледот, Баркли едноставно се прошета од кампот на Челзи до хотелот, од каде што се врати во Ливерпул.

Никој во овој момент не е сигурен што се случи, а заинтересираните страни мудро молчат. Сепак, кружи некоја теорија. Прва е онаа дека Баркли од самиот старт имал проблеми со тоа да работи под водство на Конте, кој е познат како тежок тренер кој од своите играчи бара максимална дисциплина и послушност. Другата е дека играчот не ги помина лекарските прегледи, поради проблеми за кои никој не сака да зборува. А третата секако е дека во приказната влезе некоја четврта заинтересирана страна, која го саботираше целиот трансфер.

На крајот, сигурно е дека нема да помине многу додека не се утврди вистината, а до тогаш, Челзи ќе има големи проблеми да се избори на четири фронта, поради немањето на доволен број на играчи оваа есен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…