Од 14-ти јуни до 15-ти јули фудбалот ќе биде главна тема во целиот свет, а се останато ќе биде споредно. Мундијалот се враќа на Стариот континет и ќе се одржи во Русија, поточно на 12 стадиони во 11 градови.
Натпреварите во групната фаза на Мундијалот 2018 ќе се играат од 14:00, 16:00, 17:00 и 20:00 часот по македонско време, а ќе има и еден кој ќе започнува од 12:00 часот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што знаете нашата редакција секој ден ви претставува „лична карта“ на по една репрезентација. Денес продолжуваме со последната репрезентација од групата „А“, селекцијата на Саудиска Арабија, а до Мундијалот остануваат уште точно 28 денови.
Саудиска Арабија
Oваа репрезентација е апсолутен аутсајдер во групата „А“ каде што играат уште Русија, Египет и Уругвај.
Саудиска Арабија одигра добри квалификации и на Мундијалот се пласираше кaко второпласирана во група со Јапонија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак и Тајланд.
Успеаа да соберат 19 бодови со учинок од шест победи, два порази и една нерешена средба и гол разлика од 17 постигнати (најефикасни заедно со Јапонија) и 10 примени погодоци.
Токму оваа селекција во натпревар против домаќинот Русија ќе ја има честа да го отвори Мундијалот на 14 јуни, потоа ги очекува натпревар против Урувај на 20 јуни и за крај на групната фаза ќе играат против Египет на 25 јуни.
Саудиска Арабија во својата историја забележа четири настапи на светските првенства, а последен пат играше во Германија во 2006 година.
Кога станува збор за составот на оваа селекција најголем дел од играчите кои ќе го носат дресот доаѓаат од домашното првенство.
Голмани: Абдулах Ал Мајоф, Јасер Ал Мосалим, Фаваз Ал-Куарни
Одбрана: Мансор Ал-Харби, Осама Хасави, Мохамед Јахавли, Омар Хавсави, Мохамед Ал-Бреик, Јасер Ал-Шарани, Саед Ал Мовалад, Мотаз Хвасави
Среден ред: Салман Ал-Фарај, Јахја Ал-Чери, Абулмалек Ал-Кабри, Тасие Ал-Јасим, Фахад Ал-Мувалад, Наваф Ал-Абед, Хусаин Ал-Могави, Салем Ал Давсаеи, Абдулах Каибари.
Напад: Мохамед Ал Сахлави, Харун Камара, Муханад Асири
Ви го претставуваме и дресот со кој оваа селекција ќе настапи во Русија.
Обложувалницата Coinbet24 веќе ги има сите коефициенти за натпреварите од групната фаза и очекувано Саудиска Арабија е аутсајдер во сите три меча.
Во првиот натпевар против домаќинот Русија, коефициентите во Coinbet24 се, за победа на „Зборнаја“ 1.34 за реми 4.55, а за победа на Саудиска Арабија коефициентот изнесува 11.40
Саудиска Арабија е апсолутен аутсајдер и против Уругвај. Според Coinbet24 коефициентот за победа изнесува 14.40 за реми 5.50 додека за победа на Уругвај коефициентот е 1.25
На последниот натпревар против Египет коефициентот за победа на Саудиска Арабија во Coinbet24 изнесува 5.50 за реми 3.55, а за победа на „Фараоните“ коефициентот е 1.70