Дома Останати Кошарка Конечна пресуда на навивачите: „Експериментот“ Расел Вестбрук – не успеа!

Конечна пресуда на навивачите: „Експериментот“ Расел Вестбрук – не успеа!

Расел Вестбрук како ново засилување летово пристигна во екипата на Денвер Нагетс по препорака на никој друг, туку самиот Никола Јокиќ.

Српскиот центар беше свесен дека Денвер поседува квалитетни играчи, но исто така им недостасуваше енергија и борбеност кои се пресудни за успех на шампионското патување. Поради тоа, посака покрај себе да го има искусниот борач – играчот кој секогаш се вложува до крајните граници, но сепак покажува слабости…

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Нетука случајно Вестбрук беше без тим. Некогашниот најдобар играч на НБА изгради неславна репутација како кошаркар што остварува индивидуално високи резултати во тимови кои не бележат победи.

Тоа се потврди и во Вашингтон, а севкупно му беше приговорвано дека го отежнуваше играњето и во Хјустон, и за двете екипи од Лос Анџелес во периодот меѓу 2021 и 2024 година.

Меѓутоа, за време на плејоф двобојот против Оклахома Сити, тимот каде што Рас ја достигна својата врвна форма, евидентните недостатоци повторно излегоа на површината.

Еден корисник на социјалната мрежа X истакна: „Вестбрук играл со Јокиќ во најдобрите години. Со Кевин Дурант и Џејмс Харден во нивниот најдобар период. Со Каваи Леонард и Пол Џорџ во врвна форма. Со Леброн и Ентони Дејвис… И сè уште нема прстен за шампион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ЛеБрон: Пензија? Размислувам за тоа, но уште не сум одлучил

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, ЛеБрон Џејмс, кој се подготвува за својата 23. НБА сезо…