
Манчестер Сити се откажал од ангажман на Флоријан Вирц, „граѓаните“ пресметале дека целиот пакет ќе биде тежок околу 300 милиони евра и фудбалерот не вреди толку многу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се очекува трансферот на Флоријан Вирц да биде еден од најголемите во летниот преоден рок, за услугите на фудбалерот сериозен интерес пројавуваат Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола имаше директна средба со таткото на Вирц, но исходот не бил позитивен, во Сити сметаат дека Вирц е прескап и засега се повлекуваат од трката.
Инаку, проценките се дека Леверкузен би можел да заработи 150 милиони евра од трансферот на својот најдобар фудбалер.