Дома Трансфер зона Најава за голем трансфер: Кејн не се појави на тренингот на Тотенхем!

Најава за голем трансфер: Кејн не се појави на тренингот на Тотенхем!

Хари Кејн утрово требаше да се појави на тренинг на Тотенхем по одморот кој го доби по завршување на Европското првенство, но напаѓачот не го направи тоа.

Кејн со Англија играше во финале на Евро 2020, па доби краток одмор, а од денеска требаше да ги почне тренинзите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Скај Спортс“ објави дека еден од најдобрите напаѓачи во светот има џентлментски договор да го напушти Тотенхем ова лето.

Меѓутоа, во Тотенхем не се сложуваат со тоа по промената во раководството и доаѓањето на Фабио Паратичи на позицијата спортски директор.

Како следен клуб за 28-годишен голгетер се споменува Манчестер сити. „Граѓаните“ на крајот на јуни за капитенот на лондонскиот тим понуди 100 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…