Најпрестижниот тимски турнир во Европа – Евролигата оваа недела завршува со „фајнал фор“. Четирите најдобри тимови од Европа викендов во Белград ќе се борат за еврпскиот трон.
За тронот ќе се борат актуелниот европски шампион, турскиот Фенербахче, шпанскиот гигант Реал Мадрид, литванскиот Жалгирис и московска ЦСКА.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ЖАЛГИРИС – ФЕНЕРБАХЧЕ улителот или ученокот
Во првото полуфинале на Евролигата, Жалгарис и Фенербахче ќе излезат едни против други од 18 часот. Со други зборови, учителот се среќава со ученикот – Жељко Обрадовиќ против Шарунас Јасикевичиус. Литванецот, кој е актуелен тренер на Жалгарис, веќе ја освои титулата како играч под водство на Обрадовиќ со Панатинаикос во 2009 година.
Според статистиката момците на Жељко Обрадовиќ ја имаат најцврстата одбрана во лигата, бидејќи во просен на меч примаа по 75 поени. Дефинитивно тоа ќе биде најсилното оружја на тимот за вечерашниот меч со Жалгирис, кој пак приреди големо изненадување и преку големиот фаворит Олимпијакос обезбеди виза за Белград.
Фенербахче заврши втор во регуларната сезона на Евролигата и ја елиминираше Басконија во четвртфиналето. Тренерот Жељко Обрадовиќ знае најдобро како се освојува овој трофеј откако веќе ја кревал девет пати европската титула.
ЦСКА – РЕАЛ МАДРИД искусните Руси или младиот Дончиќ
ЦСКА Москва и Реал Мадрид ќе одлучуваат за вториот патник во финалето вечерва во 21:00 часот. Се очекува доста возбудлив и ефикасен натпревар бидејќи силите ќе ги одмерат тимовите со најдобар напад на турнирот. ЦСКА со просек од 89,2 поени по натпревар и Реал Мадрид со просек од 85,7.
Добра вест за мадриѓани е што на терен ќе го имаат искусниот Серихио Љуљ, кој поради повреда мораше да отсуствува девет месеци. Сепак, најсилен адут на „кралевите“ е секако младиот Лука Дончиќ. Тој минатото лето и го донесе златото на Словенија на ЕП, па останува да видиме дали ќе има сили да му донесе пехар на Реал пред да замине во Америка.
Готово неверојатно звучи фактот дека Реал и ЦСКА последен пат на завршниот клупски турнир играа пред 49 години, иако заедно имаат дури 19 трофеи. Реал има 9, а ЦСКА 7, но никогаш не се сретнале во полуфинале или финале.
На „фајнл-фор“ нема фаворити, но има возбуда, пресврти, изненадувања…да уживаме во најдоброто што го нуди европската кошарка!