Дома Трансфер зона Начо одлучил дали и наредната сезона ќе игра во Реал Мадрид

Начо одлучил дали и наредната сезона ќе игра во Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез изјави дека по финалето од Лигата на шампионите ќе соопшти дали следната сезона ќе игра за мадридскиот клуб, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Начо (34) е член на Реал од 2001 година, а за првиот тим на мадридскиот клуб одигра 363 натпревари и постигна 16 голови.


Турскиот "Роналдо" го предизвикува Кристијано! ↓↓↓


Некои шпански медиуми објавија дека капитенот на Реал би можел да ја промени средината по завршувањето на сезоната.

Начо има договор со мадридскиот клуб до 30 јуни годинава.

„Што се однесува до мене, јас веќе одлучив што ќе правам. Но, сега не е вистинско време да се зборува за тоа. Веќе ја освоив Лигата на шампионите, бев и европски шампион со младата шпанска репрезентација. Ништо не може да ја промени мојата одлука, која ќе ја соопштам по финалето – изјави Начо кој со Реал освои 24 трофеи.

Фудбалерите на Реал Мадрид во сабота на „Вембли“ во Лондон ќе играат против Борусија Дортмунд во битката за најпосакуваниот европски клупски трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …