Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денес ќе го суди полуфиналето на Европското првенство во Германија.
ЕХФ им ја даде довербата на Начевски и Николов да го судат полуфиналниот дуел помеѓу актуелниот европски шампион Шведска и репрезентацијата на Франција.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Натпреварот ќе се игра денес во „Ланксес Арената“ во терминот од 17:45 часот.
Во второто полуфинале од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Данска и Германија.