Дома Фудбал Натпреварот против Порто ќе се памети: Во Барселона не се случило вакво нешто 21 година

Натпреварот против Порто ќе се памети: Во Барселона не се случило вакво нешто 21 година

Пред три дена екипата на Барселона го совлада Порто со 2:1 и така го обезбеди осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа овој натпревар ќе биде запаметен по друго нешто.

Тренерот Чави Ернандез на овој натпревар не започна со ниту еден играч од Каталонија и такво нешто на Барселона не и се случило 21 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот за Барселона го стартуваа: Ињаки Пена, Араухо, Кунде, Ињиго Мартинез, Кансело, Педри, Френки де Јонг, Илкај Гундоган, Рафиња, Левандовски и Жоао Феликс.

На клупата имаше каталонци, а настапија младите Алехандро Балде и Ламине Јамал. Интересно е што последен пат Барселона без каталонски играчи била во натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, тој дуел пред 21 година „кралевите“ го добија со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Го сакам Реал Мадрид и Арбелоа, тој беше еден од моите омилени играчи

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше пред медиумите на интересна прес-конференција …