Дома Фудбал Италија Натпреварот на сезоната во Италија пред празни трибини или на неутрален терен!?

Натпреварот на сезоната во Италија пред празни трибини или на неутрален терен!?

Сезонава во Серија А три тима се во борба за Скудетото. Јувентус и Интер од почетокот на водат голема борба, а после одличната форма од пред некое коло во трката се вклучи и Лацио.

Епидемијата од коронавирусот предизвика паника во северниот дел на Италија и поради тоа беа одложени неколку натпревари во Серија А овој викенд. Во наредното коло, во викендот кој следи во Торино својот натпревар треба да го одиграат Јувентус и Интер. Тоа е натпревар кој со право може да го носи епитетот натпревар на сезоната со оглед на ривалството и позициите на табелата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со месеци се чека враќањето на Конте на „Алијанц“ стадионот, влезниците се веќе распродадени, меѓутоа пристигнува информација која ако стане реалност може да го расипе спектаклот.

„Газета дело Спорт“ пишува дека поради страв од ширење на коронавирусот овој натпревар би можел да се игра пред празни трибини или на неутрален терен.

Имено, доколку италијанската влада одлучи натпреварот да се игра без навивачи, Јувентус има право да избере некој друг стадион за одигрување на натпреварот, но локацијата треба да биде во место каде што нема забележан случај на коронавирус.

До натпреварот остана уште една недела. Како што сега стојат работите одложување на натпреварот тешко би се случило затоа што двете екипи имаат обврски во УЕФА натпреварувањата и Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…