Фудбалерите на Лестер вчера на свој терен го победија Кристал Палас со 2:1 во рамките од 33. Коло во Премиер лигата.
Лестер успеа да дојде до важни три бода во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Иако гостите од Лондон пружија добар отпор. Кристал Палас поведе уште во 12. минута кога гол постигна Заха, но „лисиците“ во второто полувреме дојдоа до пресврт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домаќините на 1:1 изедначија после пет минути игра во второто полувреме, погоди Кастањ. Победата на Лестер во самиот финиш ја обезбеди Инхеначо (2:1).
Овој натпревар беше обележан и со моментот од 34. Минута кога дефанзивецот на домаќините Весли Фофана го прекина постото. Познато е дека Фофана пости во месецот рамазан, а пред неколку дена беше во центарот на вниманието кога Бренд Роџерс призна дека морал да го замени за да ифтари.
Многумина беа воодушевени од деталот од вчерашниот натпревар кога дуелот беше прекинат на неколку моменти за Фофана да може да ифтари, односно само да го обележи крајот на постот. Тој се напи вода и изеде енергетско чоколадо.
حكم مباراة ليستر سيتي × كريستال بالاس يوقف المباراة لـ يفطر لاعب ليستر الصايم 👏🏻❤️
— أثر عمار الدار يا سعود أهلها (@ShanaFraser1) April 26, 2021
Via : @if24hd_ pic.twitter.com/Rg5gG03aS1