Дома Фудбал Италија Натпреварот кога Ибрахимовиќ бараше измена, а Мурињо место него го замени голманот

Натпреварот кога Ибрахимовиќ бараше измена, а Мурињо место него го замени голманот

Златан Ибрахимовиќ често пати зборувал дека Жозе Мурињо е најдобриот тренер со кој имал прилика да соработува иако двајцата не беа секогаш во најдобар однос.

Мурињо и Ибрахимовиќ соработуваа во Интер и имаа еден необичен однос. Швеѓанецот летото 2009 година одлучи да премине во Барселона и на крајот се покажа дека тоа не беше баш најдобар потег на Швеѓанецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, и покрај тоа тој остана во контакт со Мурињо со кој подоцна соработуваше и во Манчестер Јунајтед. Сепак времето од Интер сигурно подобро го памети.

Многумина го паметат мечот помеѓу Интер и Сиена пред самиот крај на сезоната 2009 кога Ибрахимовиќ упорно бараше од Мурињо да го замени.

„Беше многу лут на мене. Дофрлуваше дека веќе сме шампиони и дека е изморен. Сакаше да го заменам. Се правев дека не го разбирам и му зборував: Што? Жеден си, сакаш вода? И му го фрлив шишето со вода. Бше баш лут на мене. Тогаш направив две измени, а него го оставив на теренот. Постигна гол, се сврте кон мене и само ме погледна“.

Ибрахимовиќ после постигнатиот гол повторно барал од Мурињо да го замени, тогаш Португалецот направи една неверојатна работа. Одлучил да ја направи и третата измена и од игра го извади голманот Жулио Цезар со што само дополнително го изнервира Златан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…