Дома Македонски спорт Натпреварот во кој беше нападнат нивниот тренер, Беласица службено го загуби!

Натпреварот во кој беше нападнат нивниот тренер, Беласица службено го загуби!

Eкипата на Беласица која го напушти натпреварот против Локомотива Пехчево во Синѓелиќ го загуби натпреварот со службен резултат.

Комисијата за натпревари на ФФМ натпреварот го регистрираше со службени 3:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Наптреварот не се одигра, зашто гостинската екипа не се појави на теренот во закажаниот термин од 14.00 часот, откако претходно пријави инцидент пред почнувањето на мечот (физички напад на двајца тренери). Судиите навремено дадоа знак за почеток на мечот, за кој од страна на домаќинот беа исполнети сите услови“, објавија во соопштението.

Во овој момент Беласица се наоѓа на шестата позиција со 29 бодови, а Локомотива е во долниот дел од табелата со 20 бода.

Ќе потсетиме, по тој инцидент изјава за целиот настан за Спортски.мк даде тренерот на Беласица, Благој Гуцев.

„Побараа да го пуштиме натпреварот за да не дошло до поголеми инциденти. Јас се свртев да влезам во соблекувална и без збор да кажам добив удар во пределот на главата. Ударот беше толку силен што се слушна и внатре, а играчите веднаш излегоа. Веројатно брзо сфатија што направија и веднаш го напуштија теренот. Јас имам телесни повреди и слаба енергија и како што изминува времето проблем со левото око и уво. Утре ќе морам да посетам доктор повторно. Не знам што ќе се случеше доколку ударот го добиеше играч на тимот кој има 17 или 18 години или пак некој од моите повозрасни колеги кои имаат по 65-66 години“.

„Како и да е случајот нема да се затвори тука и ќе одиме до крај за да не настрадаат и други екипи како што настадавме денес ние. Најжалосно е што целата ситуација е режирана. Домаќините беа свесни што направија. Се беше воиграно и планирано предвреме“, ни изјави тогаш Гуцев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Готово: Интер потпиша со врвен напаѓач

Интер обезбеди големо засилување  за следната сезона, а тоа е напаѓачот на Порто, Мех…