Во текот на летото поради неговиот потпис настана вистинска драма, но од денешна гледна точка Бразилецот погреши.
Добро познато е веќе што се случуваше минатото лето кога Малком веќе беше виден како нов играч на Рома, но во последен момент Барселона се вклучи во трката и го доведе на „Ноу Камп“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Малком засега се покажува како апсолутно промашување на Барселона, ниту малку не ги оправда очекувањата.
Според пишувањето на шпанските медиуми, Малком сега посакал да замине од клубот што е реална опција бидејќи тешко дека Барселона е задоволна од она што го покажа. Шпанците тврдат дека фудбалерот веќе испратил барање за трансфер.
Малком има само 21 година и нема премногу искуство од играње на највисоко ниво, а проблем му направи и повредата со која се здоби на самиот старт.
За Барселона во првенството одигра само 25 минути, па интересено да се види што ќе се случува со овој играч.