Нигериецот Виктор Осимен игра одлична сезона во Серија А и многу големи клубови се заинтересирани за напаѓачот кој е прв стрелец во калчото.
Наполи секако не сака да се откаже од Осимен, но на Де Лаурентис изгледа му станува јасно дека летово може да биде одлична шанса за супер заработка од Нигериецот. Според последните информации Наполи за Осимен ќе бара сума од огромни 150 милиони евра и ако Де Лаурентис успее да го продаде за таа сума тоа ќе биде најскапата продажба на еден фудбалер од Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно најголем интерес за Осимен покажуваше Баерн Минхен, меѓутоа тешко дека гигантот од Минхен би се вклучил во трката бидејќи е познато дека не сакаат да исплаќаат толку големи суми.
Италијанските медиуми шпекулираат дека како најреална опција за Осимен изгледа Пари Сен Жермен кој би можел да ослободи простор со заминување на некои од сегашните ѕвезди.