Наполи се засили со нов централен дефанзивец кој ќе го замени продадениот Калиду Кулибали, пренесуваат италијанските медиуми.
Станува збор за корејскиот интернационалец Ким Мин-Жае од Фенербахче, кој ќе добие договор на пет сезони. Наполи ќе ја плати неговата откупна клаузула од 19,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утринава 25-годишниот дефанзивец пристигна во Рим каде ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорт.
Мин-Жае помина само една година во Фенербахче по неговиот трансфер од 3 милиони евра од кинески Пекинг Гуан. За гигантот од Истанбул забележа 39 натпревари, а за репрезентацијата на Јужна Кореја има еден меч повеќе.