Веќе неколку денови медиумите со Наполи поврзуваат многу звучни засилувања како Ангел ди Марија и Карим Бензема, но денес претседателот Де Лаурентис ги „олади“ фабовите.
Де Лаурентис потврди дека информациите се неточни и дека Наполи не е заинтересиран за Ди Марија и Бензема.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Потполно се неточни информациите дека сакаме да ги донесеме Бензема и Ди Марија. Сакам млади играчи во клубот. Зошто би купувал стари играчи? Ова го велат со должна почит кон двајцата фудбалери“, изјави претседателот на Наполи.
Де Лаурентис одговори какви се шансите Наполи да го ангажира Кавани.
„Кавани заработува 20 милиони евра, без пораз, на секои десет месеци. Не верувам дека ќе се согласи да ја намали платата“, искрен беше претседателот на наполитанците.