Дома Фудбал Италија Наполи го претстави Елмас: Ова е остварување на сонот, не ме плашат Роналдо и Јуве

Наполи го претстави Елмас: Ова е остварување на сонот, не ме плашат Роналдо и Јуве

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес и официјално беше претставен како нов играч на Наполи.

Елмас пред два дена го комплетираше трансферот и го избра дресот со број 12.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Го избрав бројот 12 бидејќи сакам да бидам посебен. Среќен сум што сум тука, бев одлично пречекан од сите соиграчи. Веќе се чувствувам како дома во Неапол, има фамилијарна атмосфера. Пандев ми рече да го ценам овој дрес, знам за колку важен тим се работи. Ми кажа дека ќе имам поддршка од соиграчите, и тоа е важно за мене“, истакна Елмас.

„Сон е да тренираш под водство на Карло Анчелоти. Тој има се што еден тренер треба да има. Неговиот телефонски повик за време на преговорите многу значеше во одлуката да се преселам тука“, истакна Македонецот, па на крај даде коментар за најголемиот ривал, Јувентус.

„Јасно е дека името на Роналдо во светот на фудбалот има тежина, но за мене нема вредност, не ме плаши. Знам за ривалството меѓу Наполи и Јувентус, ми објаснија. Тоа се два многу силни тимови, ќе биде убаво да се игра против Јувентус. Но да почекаме да се случи“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Собирачите на сликички разочарани: Албумот за ЕП 2024 е големо фијаско, Англичаните најбурно реагираат!

Како што е познато подолго време, италијанскиот „Панини“ нема да го произведува популарнио…