Еден од најдобрите тимови во Серија А е подготен да издвои големи пари за да се засили.
Анчелоти го наследи Сари, а неговиот тим продолжи да бележи одлични резултати и да игра многу атрактивен и убав фудбал. Бенџамин Павард е играч кој експлодира на Мундијалот и одигра одлично во дресот на репрезентацијата која го освои првенството. Сите мислеа дека тој уште во текот на летото ќе го промени клубот, но сепак остана во Штутгарт, а дресот на германскиот клуб го облече во 2016. година.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Овој дефанзивец можеби не игра на многу позиции, но најчесто игра како десен бек, па многу медиуми се прашуваа дали овој интерес на Наполи е поврзан со можно заминување на Хисај? Дали Павард би можел да го замени десниот бек на Наполи за кого е заинтересиран Челзи и е подготвен да плати 50 милиони евра за него?
22-годишниот дефанзивец е цел и на Баерн и на Тотенхем. Се претпоставува дека Штутгарт би го продал за 35 милиони евра.