Играчот на Реал Мадрид, Борха Мајорал ќе помине уште една сезона на позајмица во Леванте.
22-годишниот напаѓач минатата сезона во дресот на овој тим одигра 34 натпревари и постигна 5 погодоци, а после тоа се врати во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Леванте посакуваше со сите сили да го донесе на позајмица и за новата сезона иако се пишуваше дека би можел да премине во Реал Сосиедад, меѓутоа овој клуб не сакеше да плати 15 милиони евра.
Леванте нема да има право да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната и тој сигурно ќе се врати назад во Мадрид. Моментално за него нема место во екипата на Реал, каде конкуренцијата е многу голема, па ова е најдобрата опција за него.
OFICIAL
El #LevanteUD consigue la cesión del delantero español de 22 años Borja Mayoral por una temporada, llega procedente del @realmadrid pic.twitter.com/CVu5p5PMHH
— Fútboltastico (@futboltastico) July 29, 2019