Дома Трансфер зона Напаѓачката „икона“ на Бундеслигата го засилува Келн (Видео)

Напаѓачката „икона“ на Бундеслигата го засилува Келн (Видео)

Од Германија пристигнува вест дека еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Бундеслигата наскоро би можел да стане нов фудбалер на Келн.

Келн катастрофално ја отвори сезоната тие се последни на табелата во Бундеслигата, а не се ниту ништо подобри во Лигата на Европа каде што стартуваа со два порази во низа.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Овој клуб во текот на летото остана без својот најдобар фудбалер Антонио Модесете кој ја продолжи кариерата на Далечниот исток, неефикасноста е голем проблем на овој тим, а Клаудио Пизаро е „стар лисец“ кој би можел да го реши овој проблем.

Искусниот Перуанец во овој момент е слободен агент откако Вердер одлучи да не ја продолжува соработката веројатно со најголемата икона во нивната историја.

Пизаро денес пристигна во Келн и снимен беше како влегува во нивната заграда и наскоро се очекува и официјализирање на овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…