Дома Трансфер зона Наместо Руни, друг играч на Јунајтед се сели во Кина!

Наместо Руни, друг играч на Јунајтед се сели во Кина!

Вејн Руни донесе конечна одлука да остане во Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, но наместо него друг фудбалер на „црвените ѓаволи“ би можел да замине во Кина.

Станува збор за Ешли Јанг за кого стигнала официјална понуда од кинески Шандонг кој му нуди 12 милиони евра по сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јанг оваа сезона има одиграно само седум натпревари кај Жозе Мурињо, па англиските медиуми тврдат дека нема ништо против да се пресели во Азија.

Сега се чека зелено светло од Мурињо, кој се предомислува, бидејќи игра на четири фронта и верува дека Јанг би можел да му биде потребен до крајот на сезоната.

Шандонг од клупата го предводи Феликс Магат, а во тимот ги има Грациано Пеле и Папис Сисе, па ќе направат се за да го компетираат трансферот до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…