Ѕвездата на Рома и еден од најдобрите фудбалери во Серија А, Раџа Наинголан е на чекор да го комлетира трансферот од 50 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.
Имено, кинескиот шампион Гуангжу Евергранде веќе постигна договор со „волчицата“, која се согласи да го продаде Наинголан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Белгија ќе се пресели како позајмен фудбалер во тимот предводен од Фабио Канаваро, а кинескиот клуб ќе има обврска до јуни да и истплати на Рома 50 милиони евра за трансферот.
Притоа, Наинголан во Кина ќе заработува 12 милиони евра по сезона и ќе стане еден од најплатените фудбалери во светот.
Рома се одлучи на ваков чекор после бројните проблеми кои Наинголан ги правеше надвор од теренот. Последно Белгиецот беше казнет поради видеото на кое се гледа како пие алкохол и пуши цигари.
Наинголан во редовите на Гуангжу треба да биде замена за Паулињо кој минатото лето се пресели во Барселона за 40 милиони евра.