Само неколку часа од како Раџа Наинголан изјави за „Газета дело Спорт“ дека нема намера да ја напушти Рома, од „Скај Спорт“ објавија негово интервју во кое го тврди различното.
Познато е дека Нанинголан беше трансфер цел број еден на Антонио Конте минатото лето, а играчот за врска тврди дека можно е да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ по завршување на сезоната.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Вистина е, зборував со Антонио Конте. Челзи силно се интересираше за мене. Кога повторно ќе се отвори трансфер пазарот, повторно ќе зборуваме за мој трансфер во Премиер лигата“, потврди Белгиецот.
„Веќе сериозно ја разгледувам опцијата да се преселам во Премиер лигата. Многу мои сонародници играат раму. Тоа е најсилното првенство во светот, но ова е се што можам да кажам во моментов“, додаде Наинголан.