Дома Фудбал Италија Наинголан до Интер: Жалите ли по мене?

Наинголан до Интер: Жалите ли по мене?

Раџа Наинголан оваа сезона го носи дресот на Каљари.

Белгискиот фудбалер пристигна на позајмица од Интер до крајот на актуелната сезона откако во редовите на „нероаѕурите“ минатата сезона не прикажуваше настапи какви што се очекува од него.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интер го доведе Наинголан од Рома меѓутоа играчот за врска не се снајде најдобро и после само една сезона се пресели во Каљари.

За Каљари сезонава прикажува одлични настапи и на девет натпревари постигна два гола и двата беа феноменални, вториот го постигна овој викенд против Фиорентина.

Токму после овој натпревар Наинголан го прокоментира заминувањето од Интер.

„Лесно можев да останам во Интер. Сега можам да ги прашам: Жалите по мене или не?“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Му покажаа што мислат: Арнолд имаше пеколен дочек во Мадрид (Видео)

Поранешниот заменик капитен на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд (27), беше дочекан со сви…