Војната продолжува, а сликата која набрзо се прошири на интернет и тоа како ќе го боли Јувентус.
Познато е дека Наинголан е во војна со секој кој е поврзан со Јувентус, а на друштвените мрежи Белгиецот е омразена личност помеѓу фановите на „старата дама“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После вчерашното финале во Кардиф, Наинголан ги дочека своите пет минути.
„Каква прекрасна вечер, на припреми сум со репрезентацијата, додека останатите се на одмор. Некои се враќаат, пример од Кардиф. Ова е мојот одговор на оние кои ме навредуваа и пред натпреварот. Немојте да се радувате пред време. Знам дека би ми одговориле со задоволство. Но конекцијата е скапа, многу се потрошивте во Кардиф. Пред три дена бевте гласни, каде сте сега“, изјави Наинголан.
Иначе на интернет кружи слика која е имитација на маичката со која Јувентус ја прослави шестата титула во низа во Серија А. Доминира седмицата која алудира на седумте изгубени финалиња во најелитното европско натпреварување.