Преодниот рок во Англија трае до четврток, а многу клубови се обидуваат во последен момент да донесат нови засилувања.
Поради тоа и информациите се менуваат од час во час, па англиските медиуми вчера прво објавија дека Кутињо е на пат да стигне на позајмица во Арсенал и дека работата е завршена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, само неколку часа подоцна се појави информација дека Топџиите не го сакаат Бразилецот и дека бараат засилувања во одбраната, а Тотенхем стана прв фаворит за негов ангажман.
Скај Спорт пишуваше дека тренерот на Спарси, Покетино лично го побарал Кутињо за да го убеди да дојде во овој клуб, но се чини дека и од тоа нема ништо.
Имено, токму Скај Спорт пред малку објави дека Кутињо одбил да се пресели во Тотенхем на позајмица.
Бразилецот во јануари 2018. година во рекорден трансфер пристигна од Ливерпул во Барселона, но претходната сезона не го покажа она што се очекуваше од него.
Поради тоа цената му драстично опадна, а во Барселона ова лето на сите начини се обидоа да го испратат во друг клуб, па било тоа и на позајмица, но се уште е на Камп Ноу.