Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се обиде да се врати на тенисот во 2024 година, меѓутоа се соочува со многу проблеми и досега покрај големата желба настапи само на турнирот во Бризбејн.
Од тој турнир постојано имаше најави дека ќе се врати, но на крајот се повлекуваше поради повреди. Така е и со турнирот во Монте Карло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Телото не ми дозволува да играм. Тешко ми е, се борам околу година ипол. Секојдневно се трудам, но реалноста е поинаква и сурова. Во овој момент не можам да се натпреварувам. На личен план се е во ред, меѓутоа на професионален ми е тешко.
Се соочувате со моменти за кои не сте замислувале дека можат да се случат. Не се откажувам, меѓутоа во овој момент не можам да играм никаде поради тие проблеми. Откако се вратив од Австралија пробувам различни работи, имам проблем со абдоменот“, изјави Надал.