Австралија Опен остана без еден од главните фаворити за конечна победа.
Алелсандар Зверев беше поразен од Денис Шаповалов и тоа прилично убедливо со 3:0 во сетови. На Канаѓанецот му беше доволен еден брејк за освојување на првиот сет (6:3). Вториот сет донесе повеќе пресврти, Зверев имаше 5:3, но Шаповалов се врати и во тај брејк го освои сетот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германецот беше толку нервозен во мечот што во еден момент го скрши рекетот. Во третиот сет 14. рекет во светот во вториот гем одзема сервис на противникот и до крај сигурно сервираше па го реши во своја корист со 6:3.
Рафаел Надал се пласираше во следната фаза откако после скоро три часа го победи Адриан Манарин со 3:0 во сетови. Првиот сет донесе епски тај-брејк кој траше дури 22 минути. Двата тенисери имаа по неколку сет топки, видени беа неколку пресврти, а на крајот поуспешен беше Надал. Шпанецот тука и психички го скрши ривалот, па без проблеми ги доби наредните два сета со идентични 6:2.
The Nadal effect🔥 @RafaelNadal
— ATP Tour (@atptour) January 23, 2022
🎥: @AustralianOpen | #AusOpen | #AO2022 pic.twitter.com/CsgPvwSviB