Рафаел Надал е спремен за финалето на Австралија Опен каде што ќе игра против Лука Пуј или Новак Ѓоковиќ.
Надал во полуфиналето го декласираше Стефано Циципас, талентираниот Грк кој не успеа да одигра на високо ниво во важниот натпревар.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Овој терен и оваа публика ми дадоа неверојатна енергија. Неверојатно е да се биде петти пат во финалето, горд сум“, изјави Рафа, па зборуваше за мечот на Ѓоковиќ.
„Новак е фаворит, толку пати беше во таква позиција, знае како да се носи во таквите натпревари. На Лука му е прв пат, тука е како еден играч со потенцијал и може да направи изненадување ако му тргне“.
За Надал ова ќе биде 25-ти Грен слем финале и петто на Австралија Опен.