
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е голем навивач на Реал Мадрид, а тој учествувал и во ангажманот на еден од фудбалерите на европскиот шампион.




Надал помогнал во ангажирање на Марко Асенсио, откако разговарал со шпанскиот фудбалер и го убедил да потпише за Реал, иако постоел интерес од Барселона.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Асенсио, сепак, ќе си замине од Мадрид следното лето, а наводно веќе потпишал преддоговор со каталонскиот гигант.




Шпанецот треба да стави потпис следното лето на договор на четири години, а засега не е познато колку пари ќе добива по сезона.




За шпанскиот фудбалер беа заинтересирани и Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед и Челзи, но сепак Асенсио реши да остане во Реал до крајот на сезоната.